Училишен одбор

Орган на управување на основното училиште е училишниот одбор.
Училишниот одбор на основното училиште е составен од седум члена и тоа: тројца претставници од наставниците, стручните соработници и воспитувачите од училиштето, тројца претставници од родителите, односно старателите на учениците и еден претставник од основачот.
На седниците на училишниот одбор, се покануваат и во неговата работа учествуваат, без право на глас и двајца претставници на учениците избрани од ученичкиот парламент.

Членовите на училишниот одбор не смеат меѓусебно и со директорот на училиштето да бидат во роднинска врска по права линија во било кој степен, односно странична линија до трет степен за што сите членови потпишуваат изјава.

Мандатот на членовите на училишниот одбор е три години, а мандатот на претставниците на родителите е за период до завршување на основното образование на нивното дете, но не подолго од три години. 

Училишниот одбор од редот на своите членови – претставници од родителите, односно старателите избира претседател со мнозинство гласови од вкупниот број членови, по пат на тајно гласање.

Одлуките на училишниот одбор се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови.

Директорот на училиштето не учествува во работата на училишниот одбор, но за работи кои се од значење за подобрување на воспитно образовниот процес во училиштето може да биде поканет од страна на претседателот на училишниот одбор, односно од страна на две третини од членовите на училишниот одбор.

Членови на Училишен одбор

  • Наде Митановска – претседател
  • Елизабета Великоска – член од редот на наставници
  • Јованка Анѓелкоска – член од редот на наставници
  • Нумче Јанкуловски – член од редот на наставници
  • Ристе Нејкоски – член од редот на Советот на Општина
  • Ангелина Митреска – член од редот на родители
  • Костадинка Петреска – член од редот на Совет на родители

Одлуки од Училишен одбор