Erasmus +

Erasmus + 2025/2026

Во периодот од 27 до 31 октомври 2025 година, претставници од нашето училиште успешно учествуваа на Erasmus+ мобилност во Лисабон, Португалија, во рамки на проектот Erasmus+ KA1 – Мобилност на наставен и стручен кадар.

На обуката „Combatting Cyberbullying: Strategies and Solutions“ (Справување со сајбер-малтретирањето: стратегии и решенија) учествуваа:

  • Славица Котеска – директор на училиштето;

  • Сања Ристеска-Наковска – училишен психолог;

  • Милка Кевереска Шапкароска – наставник по англиски јазик.                                

Целта на обуката беше унапредување на знаењата и компетенциите за препознавање, превенција и справување со булингот и сајбер-булингот во училишната средина, како и развивање на стратегии за создавање безбедна, инклузивна и поддржувачка училишна клима.

Во текот на петдневната мобилност учесниците работеа на:

  • препознавање на различните форми на булинг и сајбер-булинг;
  • анализа на ризик-фактори и последици од насилството меѓу учениците;
  • изучување на европски практики и модели за превенција;
  • изработка на училишни политики и акциски планови;
  • развивање интервенциски стратегии и механизми за поддршка на учениците.

Покрај стручниот дел, мобилноста претставуваше можност за запознавање со културата, историјата и традициите на Португалија, што дополнително придонесе за развој на интеркултурните компетенции и зајакнување на европската димензија на образованието.

Стекнатите знаења и искуства ќе бидат имплементирани во нашето училиште преку:

  • организирање работилници за ученици;

  • обуки за наставниот кадар;

  • информирање и едукација на родителите;

  • изработка на училишен протокол за превенција од сајбер-булинг;

  • воведување механизми за навремено препознавање и пријавување на насилство.

Нашето училиште продолжува активно да инвестира во професионалниот развој на вработените и во создавањето безбедна, современа и инклузивна средина за сите ученици.

Erasmus+ мобилноста во Лисабон претставува уште еден значаен чекор кон европско, квалитетно и безбедно образование за нашите ученици.

Успешно беше реализирана тридневна дисеминација на резултатите од Erasmus+ мобилноста.

Дисеминацијата беше реализирана на 12, 15 и 16 јуни 2026 година, во вкупно времетраење од 18 часа, а ја водеа учесниците на мобилноста:
🔹 Славица Котеска – директор;
🔹 Сања Ристеска-Наковска – училишен психолог и координатор на проектот;
🔹 Милка Кевереска Шапкароска – наставник по англиски јазик.

На обуката учествуваа вкупно 33 учесници, од кои:
✔ 24 наставници;
✔ 5 стручни соработници;
✔ 4 воспитувачи.

Главната цел на дисеминацијата беше пренесување на стекнатите знаења, искуства и добри практики од мобилноста во Португалија, како и нивна примена во воспитно-образовниот процес со цел создавање безбедна, инклузивна и поддржувачка училишна средина.

Во текот на трите работни дена беа обработени теми поврзани со:
• Erasmus+ програмата и можностите за професионален развој;
• булингот и сајбер-малтретирањето и нивните последици;
• препознавање на ризик-фактори и предупредувачки сигнали;
• практични стратегии за превенција и интервенција;
• создавање позитивна училишна клима и безбедна дигитална средина;
• развивање училишни политики за спречување на насилството.

Преку интерактивни активности, анализа на студии на случај и размена на професионални искуства, учесниците ги унапредија своите компетенции за препознавање и навремено реагирање во случаи на врсничко и сајбер-насилство.

Реализираната дисеминација придонесе за:
✅ подигнување на свеста за значењето на безбедната дигитална средина;
✅ унапредување на соработката помеѓу наставниот кадар и стручната служба;
✅ јакнење на европската димензија на училиштето;
✅ иницирање нови активности за превенција од насилство и создавање позитивна училишна клима.

На сите учесници им беа доделени сертификати за успешно учество, со што беше потврдено нивното активно вклучување и успешно следење на обуката.

ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид продолжува активно да ги промовира европските вредности, да инвестира во професионалниот развој на вработените и да создава безбедна, инклузивна и поддржувачка средина за сите ученици.

Erasmus + 2024/2025

Проект „Интерактивни ИКТ и веб-алатки за поефикасно комбинирано, превртено и тимско учење“ (Interactive ICT-based, web and digital tools for an effective blended, flipped and cooperative learning).

 
Од 2 до 6 декември, во прекрасниот Рим, наставници од нашето училиште ја имаа можноста да учествуваат во проектот „ИКТ за образование: дигитални и веб алатки за ефективно комбинирано, превртено и кооперативно учење“.
Проектот се фокусираше на подобрување на дигиталната писменост во образованието, нудејќи иновативни сознанија и инспирација извлечена од најдобрите практики. Наставниците истражуваа како ИКТ може да поттикне поголема мотивација, учество, претприемништво и креативност кај учениците.
 
Проектот ги опфати клучните области, вклучувајќи:
  • иновативни ИКТ алатки и практични решенија за дигитална настава;
  • стратегии за создавање интерактивна дигитална содржина;
  • користење на динамични методи како гејмификација, виртуелна реалност и онлајн платформи за соработка за збогатување на искуствата за учење;
  • истражување на ефективни алатки и техники за оценување и евалуација.
Ова искуство не само што ги надополни нашите наставници со врвни вештини, туку исто така ја нагласи важноста од интегрирање на технологијата за подобрување на резултатите од учењето.
Наставниците го збогатија своето искуство со посета на првиот музеј за училиште и образование на Италија. Со оваа посета се даде непроценлив увид во историската и културната еволуција на образованието, како и инспиративни идеи за современи наставни практики.
Музејот покажа уникатни артефакти, историски наставни алатки и архивски материјали кои го истакнаа патувањето на образованието низ вековите. Експонатите на музејот за раната настава служеа како потсетник за тоа како иновациите отсекогаш биле централни за ефективно образование.
Сето ова даде можност да се направи една паралела со современите техники како што се превртеното учење и кооперативното образование. Оваа посета беше извонредна можност да се поврзе минатото со сегашноста, премостувајќи го јазот помеѓу традиционалното и современото образование.
Благодарност до организаторот на проектот Enjoy Italy и обучувачот Alessandro Gariano.
Овој Еразмус проект е доказ за посветеноста на нашите наставници за континуиран професионален раст и иновации во образованието.

Дисеминација на проектот

На 19 мај 2025 година, наставниците кои учествуваа на Еразмус+ обука одржаа дисеминација со колегите од нашето училиште.

Наставниците покажаа интересни дигитални алатки кои можат да се користат во наставата – како да се направи часот поинтересен, учениците да бидат поангажирани и полесно да учат преку технологија.
Се презентираа низа интерактивни веб алатки и демонстрираа како тие можат ефикасно да се интегрираат во различни методологии на настава, вклучувајќи го моделот на превртена училница, комбинираното учење и пристапите за кооперативно учење.
Колегите имаа можност и сами да креираат во некои од алатките и добија различни идеи како истите би ги користеле на своите часови.Наставниците на крај добија потврда за присуство на обуката.
Дисеминацијата се одвиваше во позитивна атмосфера, со голема желба за учење и размена на идеи.
Овој настан е дел од нашите напори за подобрување на наставата преку модерни технологии и европска соработка.
 
Линк до презентацијата на проектот.