eTwinning 2025/2026
Нашето училиште по втор пат е добитник на еТвининг ознаката!
Со гордост објавуваме дека нашето училиште втор пат е наградено со престижната еТвининг ознака за училиште за периодот 2025-2026!
Ова признание е резултат на посветената работа на нашиот еТвининг тим, учениците и наставниците, кои активно учествуваат во европски образовни проекти, соработуваат со училишта од различни земји и промовираат иновативно учење преку дигитални алатки.
Оваа ознака потврдува дека нашето училиште е лидер во:
- Меѓународната соработка преку еТвининг проекти;
- Креативното и дигиталното учење;
- Инклузивноста и тимската работа;
- Професионалниот развој на наставниците.
Официјалната објава за доделувањето на оваа награда наскоро ќе биде достапна на образовната платформа на Европската школа, како и на другите комуникациски канали на еТвининг и Европската комисија.
Им благодариме на сите што придонесоа за ова достигнување!
Продолжуваме со нашата мисија за квалитетно образование преку европска соработкa.
eTwinning 203/2024
Тимска работа + поддршка = успех
Нашето училиште е добитник на плакетата eTwinning School, а со тоа и официјално е признато на европско ниво како модел училиште за eTwinning и официјално влегува во мрежата на водечки училишта кои служат како инспирација за идниот развој на образованието.
Што значи оваа плакета?
Сите училишта кои се прогласени за еТвининг училишта ги вградуваат вредностите на еТвининг во своите политики, практики и во професионалниот развој на наставниците, со поддршка на училишното раководство. Со оваа ознака за еТвининг училиште, се препознати и вреднувани вклученоста, заложбата и посветеноста не само на индивидуалните наставници еТвинери, туку и на целото училиште, каде тимови на наставници и училишни лидери работат заедно.
Мисијата на нашето училиште ги истакнува елементите како што се: заедничко лидерство, соработка и тимска работа, капацитет за делување на учениците, инклузија и иновација, претставување пример за другите училишта.
Со што се гордееме:
- Повеќе од 50 реализирани проекти на различни теми;
- 13 Европски Ознаки за Квалитет за 2022 година;
- 7 Национални Ознаки за Квалитет за 2023 година за кои цврсто веруваме дека понатаму ќе бидат наградени со Европски Ознаки за Квалитет.
Сѐ повеќе мотивирани наставници од училиштето кои се вклучуваат на европската платформа, да работат на проекти и да соработуваат со наставници ширум Европа.
Благодарност на сите родители кои веруваат во нас – наставниците, и ни даваат безрезервна поддршка доверувајќи ни ги нивните деца.
Честитки на сите 24 училишта ширум Македонија кои се добитници на оваа плакета.
„Сами не можеме многу, но заедно можеме да поместиме планини” – е мотото по ќе продолжиме да чекориме.



eTwinning 2020/2021
еТвининг проекти – предизвици и придобивки
Во текот на учебната 2020/21 година во нашето училиште беа реализирани 5 еТвининг проекти во предметна настава: Traces From Past To Present (Траги од минатото до сегашноста), Webučionica 2.0/ Webclasroom (Вебучилница 2.0), International Women In Science Day II (Меѓународен ден на жените во науката II), Mathematical Film Festival (Математички филмски фестивал) и 100.dan u školi /100th day in a school (100. ден на училиште). Активностите во рамки на проектите се одвиваа во текот на целата учебна година, со исклучок на 100. ден на училиште кој беше еднодневен и овој ден се одбележуваше преку различни содржини кои имаа за цел поттикнување на љубовта на учениците кон училиштето и школувањето.
Во проектите беа вклучени ученици од VI одд. кои работеа под менторство на наставничката Татјана Лошкоска, VIII одд. – под менторство на наставничката Јованка Анѓелкоска и IX одд. – под менторство на наставничката Силвана Крстеска.
За време на проектите се одржуваа состаноци на Teams, Зоом и на eTwinning порталот помеѓу учениците и наставниците, учесници од другите земји, а од посебно значење беше употребата на безбеден интернет. Состаноците со учениците учесници од нашето училиште се одржуваа на Teams, со претходен договор со учениците. Имаше одлична соработката со партнерските училишта и наставниците и учениците континуирано ги разменуваа своите идеи, резултатите од истражувањата и повратните информации.
Проектите имаа јасно дефинирани стратегии за развивање на компетенции на учениците по различни предмети – развивање на компетенции на учениците за решавање проблеми, одлучување, креативност, иновативност, работа на личен и социјален развој и развивање на комуникација и меѓусебна соработка. Беа користени различни пристапи за учење (практична работа, дискусија, истражување, колаборативно учење итн). Во текот на проектните задачи учениците истражуваа, собираа релевантни податоци, разменуваа идеи, работаа
самостојно и во групи. Учениците се оспособија за користење на голем број web 2.0 алатки, собирање и разликување информации, а работејќи во групи развија социјални и комуникациски вештини. Проектките задачи вклучуваа креирање сопствени аватари, облаци со зборови, е-весници и книги, постери, видеа, фотографии, честитки, известувања итн. Учениците работеа на колаборативни табли, сложуваа сложувалки, играа различни игри. Се развиваше нивната одговорност, креативност и критичко размислување. За време на активностите сите ученици беа активни, многу мотивирани и задоволни (резултатите се добиени од направените евалуации).
Резултатите од проектните активности континуирано беа објавувани на Twinspace во eTwinning порталот, на персоналните вебстраници на наставничките ментори во проектите, во различни медиуми, на Teams и во групата на нашето училиште на Facebook.
Татјана Лошкоска – линк до проектите
Силвана Крстеска – линк до проектите
Јванка Анѓелкоска – линк до проектите
Сите проекти беа наградени со голем број признанија за нивната успешна работа. Во рамки на Математичкиот Филмски Фестивал наставничката Силвана Крстеска и учениците учесници во овој проект се закитија со втора награда за филмот План на играта. Петте проекти беа наградени од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со Национална ознака за квалитет.
Нашата работа е признаена на највисоко Европско ниво и сите проекти беа наградени со Европска ознака за квалитет!











