School of excellence

Schools of Excellence

УСПЕАВМЕ да бидеме препознаени и нашето училиште да добие ознака Schools of Excellence во трка од над 13 000 училишта ширум Светот од 146 различни земји.

Признанието беше доделено од Cartoon Network Climate Шампионите и Climate Action Project.

Нашите ученици беа дел од оваа иницијатива за подигање на свеста за климатските промени, која има за цел да ги инспирира децата да превземаат секојдневни предизвици кои колективно можат да направат голема разлика за здравјето на нашата планета.

Училишниот тим: Виолета Петковска, Билјана Каланоска, Силвана Крстеска, Татјана Лошкоска, Габриела Неделкоска, Јованка Анѓелкоска, Наташа Недановска работеа на најголемиот светски ЕКО проект Climate Action Project со своите вредни еко-херои, нашите ученици од: IV-1, V-3, VI-1, VII-1,VII-2, VII-3, VIII-2

Водејќи се од идејата “Спаси ја планетата, таа е во твои раце” образуваме генерации на еко лидери.