Виртуелно патување + истражување нови места + легенди + мистерии + креативност = еТвининг проект МАТЕМАТИЧКИ МИСТЕРИИ

🔎 Виртуелно патување + истражување нови места + легенди + мистерии + креативност = еТвининг проект МАТЕМАТИЧКИ МИСТЕРИИ
📍 Овој проект започна да се реализира во нашето училиште оваа учебна година, под менторство на 👩‍🏫наставничките Силвана Крстеска (Математика) и Фила Вероска-Стојковска (Македонски јазик).
🔗Во него се вклучени 11 училишта од 4 партнерски држави (Македонија🇲🇰, Босна и Херцеговина 🇧🇦 , Хрватска 🇭🇷 и Србија 🇷🇸). 20 ученика од 6 до 9 одделение од нашето училиште соработуваат и решаваат исти проблемски задачи интегрирајќи различни математички теми. Во мистериите кои предизвикуваат огромен интерес, учениците се запознаваат и со географските, историските и културните одлики на земјите од каде се креира математичката мистерија, а во нејзиното решавање имаат можност да ги покажат и применат стекнатите знаења по предметот Математика.
⌚️Учениците секој втор петок добиваат проблемска задача – мистерија креирана од различна држава и имаат временски интервал од една седмица за нејзино критичко и креативно решение.
⚜️Денеска е објавена мистеријата број 4 која е креирана од нас преку која сакаме да го промовираме и нашиот град Охрид со својата историја и легендите кои се раскажуваат од колено на колено.
💡 Со овој проект ги насочуваме учениците критички да размислуваат, а решавањето на проблемските ситуации креативно да ги изразуваат преку различни перспективи. Од сите доставени решенија се врши избор на најкреативно решение и во рамките на училиштето но и во рамките на проектот.
✅„ Децата треба да прават тоа што го прават вистинските математичари – да истражуваат и откриваат целиот свој живот“ (Susan Ohanian)
   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *