На 15.2.2025 година, во организација на ПСУ „Јахја Кемал” во Струга се одржа натпревар по математика и физика за ученици од IX одделение.
Овој настан имаше за цел да ја поттикне љубовта кон науката и да ги охрабри учениците да ги покажат своите вештини и знаења во овие важни области.
На натпреварот, во конкуренција од 120 ученика од регионот, нашиот ученик Цане Јаневски го докажа своето знаење и посветеност, обезбедувајќи си место меѓу најдобрите. Тој освои прво место по физика под менторство на Виолета Коцаре.
На натпреварот, учествуваа и учениците Марија Алексоска, Виктор Илоски, Изабела Томановска, Теона Шиникоска, Јована Војдиноска, Христијан Николоски, Петар Устијаноски и Бојан Јованоски под менторство на Силвана Крстеска и Елизабета Великоска (математика) и Виолета Коцаре (физика) постигнувајќи одлични резултати.
Денес имаше свечено доделување на награди и дипломи за постигнатите резултати.Ваквите натпревари се одличен начин учениците да се мотивираат за понатамошно учење и постигнување нови успеси.
Leave a Reply