Градиме позелена иднина: Работилница за одржливо живеење по повод Денот на планетата Земја

Иницијативата ПавлеЛозаиДрвјата одржа работилница „Одржливо живеење во одржливи градови и заедници“ со учениците од IX одделение, идните идеолози на нашите градови и средини за живеење.

Одржливо живеење во одржливи градови и заедници.

Што значи тоа?

Како треба да се менуваат нашите градови и заедници за да може да живееме така што и следните генерации, нашите деца и внуци, ќе имаат чист воздух, чиста вода, достап до здрава храна, добро образование и просперитет?

  • Заедници со силна зелена инфраструктура, велосипедски патеки и мрежа од безбедни патеки за движење со алтернативен, еколошки транспорт!
  • Ефикасен и ефективен јавен транспорт којшто ќе го олесни движењето!
  • Урбани градини, одгледување храна локално, место за дружење и зацврстување на социјалните врски!
  • Зелени појаси, паркови и урбани шуми коишто ќе го подобрат квалитетот на воздухот, отпорноста кон климатските промени, превенција од свлечиштето заради забрзана урбанизација, заштита од поплави и ќе бидат места за социјализација и слободна игра!
  • Систем за ефикасно сортирање, собирање и рециклирање на отпадот!
  • Користење на обновливи извори на енергија и посветеност кон целосна зелена транзиција.
  • Механизми за штедење на водата!
  • Систем за поддршка на локалната економија преку купување на локални производи и поттикнување на претприемништвото и иновативноста во насока на просперитет на заедницата!

#павлелозаидрвјата

#селектирајнесефолирај

#редуцирајнесеглупирај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *