ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ХЕМИЈА

На ден 31.05.2024 година на Природно – математичкиот факултет, на Институтот по хемија се одржа државен натпревар по хемија.

Ученикот Цане Јанески под менторство на професор Сузана Коческа,  го освои второто место.

Ученикот прв пат се запозна со хемијата во осмо одделение, и пројави голема љубопитност и интерес. Менторот кој ја забележува љубовта и посветеноста на ученикот кон хемијата му даде дополнителна поддршка и насоки. Мотивираноста, постојаното напредување и усовршување на ученикот му овозможи да постигне високи резултати и да ја освои оваа награда.

Честитки за успехот!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *