АКТИВНОСТИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

“Секој човек е творец на сопственото здравје или болест” – Буда

Менталното здравје кај учениците е клучен аспект за нивната целокупна благосостојба и нивниот училишен успех. Важни препораки за поддршка на менталното здравје кај учениците:

Поддршка во училиштето: Училиштето треба да обезбеди редовни средби со психолози и советници, каде што учениците можат да разговараат за своите проблеми и емоции.

Емоционална едукација: Воведување на активности посветени на емоционалната интелигенција и управување со стресот може да помогне кај учениците да развијат здрави начини на справување со секојдневните предизвици

Социјална поддршка: Учениците треба да имаат можност да се поврзат со своите врсници и да изградат силни пријателства, што може да биде значајна поддршка во тешки моменти. Учениците мора да се во опкружување со своите врсници.

Родителска улога: Родителите треба да бидат свесни за важноста на менталното здравје и да обезбедат поддршка и разбирање за своите деца.

Превентивни програми: Воведување на програми за превенција на ментални проблеми и промоција на здрави навики може да помогне во намалување на ризикот од развој на ментални нарушувања и дисфункции.

 

Како поддршка за подобро ментално здравје на нашите ученици, презедовме дел активности кои придонесоа за чекор поблиску до целта.

Се осмилсија активности кои траеа цела недела .

Работилница „Позитивни мисли со цел кај учениците да развие позитивни реакции за себе, да развијат висока самодоверба за себе и изградат позитивна слика за себе

Работилница „Јас сум„“со цел учениците да развијат мислење за себе, односно мислење колку самите си се допаѓаат и почитуваат, колку е важно да си ја сакаат својата личност и хранат со позитивни мисла

Работилница „Ѕид на моите позитивни и негативни мисли каде низ позитивен самоговор учениците учеа и развиваа како да се справат  со стресот; да изградат самодоверба; да ја подобрат мотивацијата; да ги балансираат емоциите.

Работилница „Негативните мисли/негативниот самоговор во мојата глава“. Се посочија начини као да се ослободат од стресот.

Со ваквите активности заеднички придонесуваме за менталната благосостојба на учениците, создавајќи негувачка и поддржувачка училишна комуникација

Со позитивни и правилни насоки, со поддршка и поттик во обликување на менталното здравје, децата можат да развијат издржливост и силна основа за нивната емоционална благосостојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *