Вечер на математиката – Учење преку игра!

 
Денес во нашето училиште се одржа незаборавен настан – Вечер на математиката, во кој учествуваа ученици од прво до деветто одделение. Овој интерактивен настан беше посветен на промоција на математиката преку забавни игровни активности, кои ги поттикнаа учениците да размислуваат критички и да ја доживеат математиката на креативен начин.
Учениците се натпреваруваа во:
  • Бинго со броеви
  • Решавање сложувалки
  • Домино со математички задачи
  • Не лути се човече со операции со цели броеви и дропки
  • Искачување на Ајфеловата кула со следење математички правила
  • Игри со броеви во различни бројни системи
  • Escape room со делители и содржатели
  • Танграм и многу други креативни игри
Настанот беше вистинска прослава на математиката, исполнета со радост, тимска работа и љубопитност. Благодарност до сите ученици и наставници кои беа дел од овој меѓународен проект кој е во организација на Сојузот на математичари на Република Хрватска! Заедно ја направивме математиката забавна и инспиративна!
 
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *