Иницијативата ПавлеЛозаиДрвјата одржа работилница „Одржливо живеење во одржливи градови и заедници“ со учениците од IX одделение, идните идеолози на нашите градови и средини за живеење.
Одржливо живеење во одржливи градови и заедници.
Што значи тоа?
Како треба да се менуваат нашите градови и заедници за да може да живееме така што и следните генерации, нашите деца и внуци, ќе имаат чист воздух, чиста вода, достап до здрава храна, добро образование и просперитет?
- Заедници со силна зелена инфраструктура, велосипедски патеки и мрежа од безбедни патеки за движење со алтернативен, еколошки транспорт!
- Ефикасен и ефективен јавен транспорт којшто ќе го олесни движењето!
- Урбани градини, одгледување храна локално, место за дружење и зацврстување на социјалните врски!
- Зелени појаси, паркови и урбани шуми коишто ќе го подобрат квалитетот на воздухот, отпорноста кон климатските промени, превенција од свлечиштето заради забрзана урбанизација, заштита од поплави и ќе бидат места за социјализација и слободна игра!
- Систем за ефикасно сортирање, собирање и рециклирање на отпадот!
- Користење на обновливи извори на енергија и посветеност кон целосна зелена транзиција.
- Механизми за штедење на водата!
- Систем за поддршка на локалната економија преку купување на локални производи и поттикнување на претприемништвото и иновативноста во насока на просперитет на заедницата!
#павлелозаидрвјата
#селектирајнесефолирај
#редуцирајнесеглупирај
Leave a Reply