“Едно јаболко на ден, ќе бидеш здрав како дрен!”
По повод Светскиот ден на јаболкото, а во рамките на еТвининг проектот „Јади здраво!“, учениците од III-3 одделение заедно со наставничката Билјана Каланоска реализираа повеќе активности.
- Тие посетија овошна градина каде што се запознаа со различни видови јаболка и научија како правилно се собираат плодовите;
- На часот по македонски јазик го читаа и раскажуваа текстот „Боите на есента“ и разговараа за здравата храна;
- На часот по ликовно од пластелин моделираа здрава храна и од хартија изработија кошнички во форма на јаболка;
- Во рамките на слободните активности ги развиваа своите дигитални вештини преку платформата Canva и изработија лого за проектот;
- На крај изработија книга со рецепти од јаболка и го избраа рецептот „ Бомбици од јаболка“.
Leave a Reply