И нашето училиште во глобалното одбележување на 16 Октомври- Светскиот ден на храната

Секоја година на 16 Октомври се одбележува Светскиот ден на храната со цел да се промовира глобалната свест и акција за оние кои страдаат од глад, а да се истакне потребата од обезбедување здрава храна за сите.
Светскиот ден на храната е меѓународен ден кој се слави секоја година во светот на 16 октомври за да го одбележи датумот на основањето на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации во 1945 година.
Денот нашироко го слават многу други организации кои се занимаваат со глад и безбедност на храната, вклучувајќи ги и Светската програма за храна, Светската здравствена организација и Меѓународниот фонд за развој на земјоделството. Светската програма за храна ја доби Нобеловата награда за мир за 2020 година.

 

Дел од темите низ годините на Светскиот ден на храната, биле:
* „Семејно земјоделство: „Хранење на светот, грижа за земјата“;
*„Социјална заштита и земјоделство: кршење на циклусот на рурална сиромаштија“;
* Климатски промени: „Климата се менува. Храната и земјоделството мора исто така“;
*„Нашите акции се наша иднина, можно е да се стави крај на гладот во светот до 2030 година“;
*„Нашите акции се нашата иднина, здрави диети за Свет со нула глад“;
* Семејно земјоделство: „Хранење на светот, грижа за земјата“… и уште многу други!

Темата во нашето училиште беше поврзана со правото на детето да има обезбедена храна, но се стави акцент конкретно на здравата храна која потпомага во поттикнување на нормален психофизички раст и развој на секое дете. Во рамките на ова одбележувањето на овој ден, одговорниот наставник Наташа Неданоска, спроведе и работилница за подготовка на храна која кај
учениците буди здрави животни навики.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *