И оваа година на 8ми Март симболично ги започнуваме нашите Мотивирачките трибини во Младински Центар Охрид со успешна жена во сите полиња на животот.
Александра Настоска- Николоска е професор по информатички науки и технологии во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Охрид, советник во Совет на општина Охрид и горда мајка на малиот Михаил.
Пред присутните ученици и наставници таа со љубов и гордост зборуваше за деновите поминати во подрачното училиште, другарувањата и саканите наставници, како и за понатамошното образование и развојот на кариерата со труд и посветеност.
Горди сме на нашите некогашни и сегашни ученици, горди што сме од „Кочо Рацин“.
Трибините се во организација на директорката на училиштето, а наменети да ги мотивираат учениците од VIII и IX одделение во изборот на понатамошното образование и идната кариера.
Leave a Reply