Математички мистерии: Откривање на тајните преку броеви

Проектот „Математички мистерии“ се реализира во учебната 2023-2024 година.

Училишниот тим е предводен од наставничките Силвана Крстеска – наставник по математика и Фила Вероска-Стојковска – наставник по македонски јазик.

Целите на проектот беа преку логички математички загатки, учениците потрајно да се здобијат со математички знаења и концепти планирани со резултатите од учењето. Учениците ги развиваа 4К вештините ( Critical thinking, Creativity, Collaboration, Communication) преку истражувачка работа, со цел да се решат мистериите, тие ги зајакнаа вештините за критичко размислување, понудија креативно решение за даден проблем, соработуваа и комуницираат со други ученици на онлајн работилници и онсајт работилници, а исто така ги развиваа вештините за презентирање.

Преку мистериите виртуелно патуваа, истражуваа нови места преку различни легенди и преданија. Учениците се запознаваа и со географските, историските и културните одлики на земјите од каде се креира математичката мистерија, а во нејзиното решавање имаа можност да ги покажат и применат стекнатите знаења по предметот математика.

Нашиот тим ја креира мистеријата бр.4 „Охридска легенда“ преку која го промовиравме и нашиот град Охрид со својата историја и легендите кои се раскажуваат од колено на колено.

Исто така наша мистерија беше и мистеријата бр.7 Mistery Breakout која за разлика од останатите беше креирана во алатката Genially и во неа учениците имаа мистерија поставена во игра escape room во која за да ги поминат сите нивоа и да успеат да ја разрешат мораа да прикажат и завидни математички познавања особено од темата Деливост, но мистеријата беше интегрирана и со прашања кои опфаќаа безбедност на Интернет и правила за заштита при користењето на интернет со што го одбележавме и Денот за Безбеден Интернет. Од сите доставени решенија се иврши избор на најкреативни решенија и во рамките на училиштето но и во рамките на проектот.

Како заеднички краен продукт од проектот произлезе и е-книга која можете да ја погледнете на следниот линк: https://read.bookcreator.com/iVv5jexHQTUYH5Xwg441wyw461n1/jkZY643XSgGjmmhcM4Uhog/HyLg3RyCQaurWPg7SP6MlA

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *