Нашите наставници дел од обука за едукатори

Двајца наши колеги учествуваа на обуката за едукатори во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“

На 14 и 15 септември 2024 година, во Оперативниот центар на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, се одржа обука за едукатори на теми поврзани со биолошката разновидност и пештерските екосистеми во Националниот парк Галичица, како и со влијанието на климатските промени врз природата во Паркот. Учество во оваа обука зедоа наставници од основни училишта и членови на невладини организации од охридско-преспанскиот регион.

Во текот на работните сесии, коишто беа водени од експерти за опфатените теми, учесниците ги продлабочија своите знаења за природните вредности, биолошката разновидност и пештерските екосистеми во Националниот парк Галичица. Покрај тоа, учесниците проследија и предавања за влијанието на климатските промени врз Паркот, како и за мерките за спречување на и за справување со пожари.

Оваа обука  се имплементираше од страна на ОО Црвен крст Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во соработка со Јавната установа Национален парк Галичица.

Во текот на обуката, проектниот тим им ги претстави на учесниците едукативните ресурси изработени во рамките на проектот, а коишто ресурси едукаторите можат да ги користат за организирање едукативни активности за деца од основни училишта: два прирачници, две едукативни друштвени игри и пет едукативни видео-материјали.

Дваесет и два едукатора од охридко-преспанскиот регион со голем ентузијазам и со успех ја завршија обуката и се подготвени да ги едуцираат новите генерации лидери на заштитата на бесценетото природно богатство во Националниот парк Галичица. Наши претставници – едукатори кои се здобија со сертификат за имплементирање на проектот се Наташа Неданоска и Бобан Блажески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *