ОГЛАС ЗА УПИС ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2024/25 ГОДИНА
- Уписите на ученици во прво одделение ќе се вршат во период од 07.05.2024 заклучно со 31.05.2024 година.
- Законски обврзници за запишување во прво одделение, се деца родени од 01.01.2018 до 31.12.2018 година.
- По исклучок од точка 2 на овој оглас во прво одделение може да се запише дете кое ќе наполни 6 години старост најдоцна до 31.01.2025 година, но по претходно барање од родителот/ старателот и добиено мислење од стручната служба во училиштето.
- Потребни документи за упис во прво одделение:
- Пополнета пријава за упис во училиштето
- Извод од матична книга на родени /оригинал или копија
- Медицинска потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна установа
- Потврда за извршен стоматолошки преглед издадена од надлежна установаЈ.З.У. Здраствен дом-Охрид (закажување на 078/ 38 45 57)
- Медицинска потврда за извршен офталмолошки преглед издадени од надлежна здравствена установа.
- Документите заедно со пријавата се доставуваат во училиштето во период од 07.05.2024 до 31.05.2024 секој работен ден од 8 до 16 часот или по електронски пат преку апликација gov.mk
- За запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и Мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
- Образецот на пријава е приложен во долнито десен дел, исто така може да се добие од училиштето во печатена форма или електронски по барање од родителот на е маил адреса ou-kochoracin-ohrid@schools.mk.
Leave a Reply