Врсничка едукација од страна на младите волонтери на Црвен Крст на две теми „ХИВ/СИДА и сексуално преносливи инфекции“ и “Превенција од болести на зависности“.
Предавањата се реализираа со цел :
- едуцирање и позитивно влијание врз младите;
- заштита на здравјето;
- подобрување на квалитетот на животот;
- развој на одговорност и самосвест;
- создавање на култура на здравје и безбедност.
За време на предавањатао опфатено беше општо запознавање со поимите, како и начини на превенција од зараза, рушење на митови за ХИВ/СИДА и практичен приказ за правилно користење на презерватив. Запознавање со симптомите, последиците и начините на превенција на болести од зависности (цигари, дрога и алкохол);
Темите предизвика голем интерес кај учениците со што се разви дискусија.
Eдукацијата за преносливи болести и превенцијата од зависности се важни инвестиции за младите, нивното здравје и заедниците во кои живеат.
Предавања се реалзираа во првото и второто полугодие и учествуваа ученици од деветто одделение.
Leave a Reply