Ученикот Правобранител претставува ученик кој ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави на сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во/вон училиштето.
Задачата на ученикот правобранител за промовирањето на детските права примарно ќе биде реализирана преку различни активности (едукативни работилници, дебати, инфо денови итн.).
- учениците правобранители и замениците ќе можат да организираат информативни настани преку кои ќе се промовираат детските права;
- задача на ученикот правобранител и неговите заменици е поддршка за заштита на детските права и информирање на учениците во училиштето;
- ученикот правобранител препознава прекршување на детските права и прибира поплаки од учениците;
- ученикот правобранител ги доставува поплаките до стручната служба на натамошно решавање и редовно го консултира заменик народниот правобранител задолжен за детски права;
- во рамки на оваа задача е прибирање на податоци од сите органи и тела на училишната заедница и стручната служба во училиштето, добивајќи улога на постојан набљудувач;
- учениците правобранители имаат редовни месечни состаноци со стручната служба на училиштето;
- ученикот правобранител учествува во работата на ученичкиот парламент.
Реализацијата на ваквите активности ќе биде потпомогната од страна на стручната служба во училиштето.
Leave a Reply