Втора Мотивирачка трибина „И ЈАС СУМ ОД КОЧО РАЦИН“ со Др. Филип Трајкоски.
Филип Трајкоски е наш горд ученик, денес млад доктор по општа медицина.
Зборувајќи за деновите поминати во нашето училиште (најсречните денови од детството), тој неколку пати напомена дека ги имаше најдобрите наставници кои несебично му ги пренесуваа знаењата и го подготвија и за животот.
Наоѓајќи се на нивната возраст, се уште не се пронаоѓал себеси, па затоа се решил за гимназиско образование.
Кога веќе се решил што ќе биде во животот, спротивно на скептицизмот на околината, со труд и посветеност и јасно зацртана цел, го завршил Медицинскиот факултет и денес е доктор по општа медицина.
Др. Филип им порача на учениците дека со јасна цел и посветеност, можат да постигнат се во животот бидејќи нашето училиште им дало силна основа.
Горди сме на нашите некогашни и сегашни ученици, горди што сме од „Кочо Рацин“.
Трибините се во организација на директорката на училиштето, а наменети да ги мотивираат учениците од VIII и IX одделение во изборот на понатамошното образование и идната кариера.
Leave a Reply