Најновиот успех во атлетиката ни донесува радост и гордост!
Во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, со поддршка на Градоначалникот на Општина Охрид – Кирил Пецаков на 10.5.2024 се одржа Државно првенство по Атлетика за основни училишта.
Нашата деветтоодделенка Сара Секулоска освои ВТОРО место во дисциплина скок во далечина за девојчиња.
Сара не само што ја покажа својата извонредна способност на најновото атлетско натпреварување, туку е и доказ дека со преданост, волја секогаш се постигнува успех!
Честитки!
Leave a Reply