ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ ЕВРОПСКИ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ

По повод Европскиот ден на јазиците, професорката по англиски јазик, заедно со волонтерката од Мировен корпус, организираа различни креативни активности со учениците од подрачото училиште. Целта беше да се нагласи моќта на јазикот како мост до мирот, воедно и да се подигне свеста за важноста од учење повеќе јазици и да се поттикне љубовта кон различните култури кај учениците.

Учениците од одделенска настава изработуваа знамиња од различни земји и научија како да кажат „Здраво“ на тие јазици. Во меѓувреме, учениците од предметна настава се вклучија во неколку возбудливи активности. Некои креираа постери на кои се прикажани англиски идиоми преведени на различни јазици, додека други учествуваа во продуктивна дискусија на тема: „Зошто е корисно учењето странски јазик и кои се придобивките?“

Учениците од осмо и деветто одделение беа поделени во тимови за квиз за Европскиот ден на јазиците, кој вклучуваше прашања со одговори со повеќекратен избор. Тимот со највисок резултат на крајот од квизот беше награден со награда.

 

Со одбележувањето на Европскиот ден на јазиците, се истакна како јазичната и културната различност може да послужи како основа за мир. Учениците стекнаа нови знаења и подлабоко вреднување на улогата што јазикот ја игра во поттикнувањето почит и разбирање во сè повеќе меѓусебно поврзан свет, како и мотивација да продолжат да го истражуваат светот на јазиците.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *