Соработката со Црвениот Крст продолжи со успешно реализирана работилница за учениците од деветтите одделенија на тема “Превенција од злоупотреба на психотропни супстанции”. Настанот беше дел од програмата за одделенски час и имаше за цел да ги едуцира учениците за ризиците од употребата на овие супстанции.
Учениците добија знаења за законските норми, видовите психотропни супстанции и нивната штетност по здравјето, семејството и заедницата. Преку интерактивни активности, се развиваа вештини за препознавање ризични ситуации и фактори кои водат до консумација.
Посебен акцент беше ставен на личната одговорност, спротивставувањето на притисокот од околината и важноста на здравиот животен стил. Работилницата значајно придонесе кон градењето на свесни и одговорни личности во општеството.
Leave a Reply