Нашите ученици, членови на Еко-секцијата, преку презентација ги запознаа своите врсници со штетното дејство, кое пластиката и електронскиот отпад го имаат врз целокупниот свет. Фокусот беше ставен на селекција на секаков отпад, а особено на пластика, метал и батерии. За таа цел, од страна на невладината организација ,,Енхелеус Лихнид” во соработка цо „Нула Отпад“, беше донирана канта за селектирање електронски отпад. Нашето училиште е во процес на зелена трансформација со цел нула пластика и метал во училиштето.
Leave a Reply