Во рамки на активностите за Неделата на грижа за стари лица од 18-24 ноември 2024 година, а со цел развивање на креативната компонента и подигнување на свеста за промоција на хуманоста, солидарноста, почитувањето, убавините на животот и делотворноста кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објави литературен и ликовен конкурс на тема „ЖИВОТОТ Е УБАВ“.
Темата „ЖИВОТОТ Е УБАВ“ ги охрабри учениците да размислуваат за убавините на животот, за љубовта, природата, пријателствата, за сè она што го прави животот вреден и значаен – особено за важноста на хуманите вредности.
Во конкуренција од 106 пристигнати литературни и ликовни творби, нашите ученици нанижија ѓердан од награди:
Поезија од I до V одд.
-Прва награда – Јана Војдиноска – V одд. / менторка Елена Китески
-Втора награда – Миа Димоска – IV одд. / менторка Светлана Жилевска
Поезија од VI до IX одд.
-Втора награда – Теона Шиникоска IX одд. / менторка Наташа Неданоска
Проза од I до Vодд
-Втора награда – Јоана Данеска IV одд. / менторка Весна Речковска Николова
Проза од VI до IX одд
-Прва награда – Лина Маркоска VIII одд. / менторка Фила Вероска-Стојковска
Ликовни творби од VI до IX одд
-Втора награда – Марија Тасеска – VII одд. / ментор Богоја Мојсоски
Пофалени
-Миа Илоска – IV одд. / менторка Светлана Жилевска
Овој конкурс, како и сите активности што беа организирани во рамки на Неделата на грижа за стари лица, имаат за цел да го истакнат значењето на меѓугенерациската солидарност и важноста од помагањето на оние кои ни дале многу во минатото.
„ЖИВОТОТ Е УБАВ“ не е само тема на конкурсот, туку и порака која треба да им се пренесе на сите — животот е убав и вреди да се живее со грижа, почит и љубов за секој негов момент и за секоја генерација!
Leave a Reply