На 29.8.2024 се одржа обука за стекнување со нови знаења и вештини за циркуларната економија и одржливите еколошки практики.
На обуката која се реализираше со наставници од 15 основни училишта во шест општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион присуствуваа Татјана Лошкоска, Анкица Цуцулоска и Билјана Сиљаноска.
Програмата е дел од проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од СИДА и спроведуван од страна на САЛАР Интернешнл.
На обуката наставниците се запознаа со иновативните начини како да ги пренесат одржливите практики за управување со отпад на своите ученици. Под менторство на меѓународни образовни експерти, обуката беше фокусирана на практични и интерактивни вежби за правилна селекција, рециклирање и повторна употреба на отпадот кои се целосно приспособени за учениците во основните училишта.
На градскиот кеј беше организирана и едукативната реботилница за деца „Отпадот и езерските длабочини“ (30.8.2024). На настанот, кој беше отворен за сите, посетителите се поттикнуваа на размислување за климатските промени и одржливото управување со отпадот преку практични вежби. Оваа иницијатива е повеќе од обука за наставниците. Таа овозможува градење на основата на идните генерации за да ја разберат важноста на одржливоста уште од рана возраст, развивајќи се во еколошки свесни граѓани кои се подготвени да направат промени во нивните заедници.
Sent
Leave a Reply