На 19 мај 2025 година, наставниците кои учествуваа на Еразмус+ обука: Наум Јанкулоски, Александра Рошкоска, Елена Китески, Јованка Анѓелкоска, Татјана Лошкоска и Славица Котеска како директор, во декември 2024 во Рим, Италија, одржаа дисеминација со колегите од нашето училиште.
Темата на обуката беше: „Интерактивни ИКТ и веб-алатки за поефикасно комбинирано, превртено и тимско учење“.
Наставниците покажаа интересни дигитални алатки кои можат да се користат во наставата – како да се направи часот поинтересен, учениците да бидат поангажирани и полесно да учат преку технологија.
Се презентираа низа интерактивни веб алатки и демонстрираа како тие можат ефикасно да се интегрираат во различни методологии на настава, вклучувајќи го моделот на превртена училница, комбинираното учење и пристапите за кооперативно учење.
Колегите имаа можност и сами да креираат во некои од алатките и добија различни идеи како истите би ги користеле на своите часови.Наставниците на крај добија потврда за присуство на обуката.
Дисеминацијата се одвиваше во позитивна атмосфера, со голема желба за учење и размена на идеи.
Овој настан е дел од нашите напори за подобрување на наставата преку модерни технологии и европска соработка.
Продолжуваме со учење и иновации – за подобро образование за сите!
Leave a Reply