Slow Food Училишни градини

Slow Food Училишни градини

РАБОТИЛНИЦА

Април, 2024

На 12.04.2024 година (петок) во ПОУ „Кочо Рацин“- с.Долно Лакочереј, Охрид едукаторот Наташа Неданоска од Тимот за едукација при Slow Food Училишни градини одржа работилница на тема „Органско прихранување на нашата градина“.

Основната цел на оваа работилница е да ги запознаеме учениците, одговорните и одржувачите на Училишните градини како со малку труд и реупотреба на секојдневни искористливи материјали можат безбедно и органски да ја прихранат својата градина;

Предавачот најнапред покрена дискусија за поимот „здрава храна“ и како таа храна црпејќи ги хранливите материи од земјата придонесува преку плодот врз нашето општо добро здравје. По завршување на дискусијата се премина на конкретни чекори од работилницата, а тоа беа: користење на лушпа од банана, корупки од јајца и лушпи од кромид, дополнато со вода во стаклени садови на кои се испишаа ливчиња кога е тој раствор подготвен за полевање и прихрана на градината.

Откако се заврши со работилницата, се продолжи со завршна дискусија, кадешто учениците споделуваа искуства од своите семејства и блиски луѓе, за начини на користење на остатоците од храната како прихрана за градината (талогот од кафе, водата од аквариумот, кора од морков, водата во која сте вареле зеленчук и друго).

Завршниот дел беше богат со заклучоци од стана на учениците дека оваа работилница била корисна, практична, интересна и дека во догледно време треба да се дружат на оваа тема повторно.

Освен учениците од VI и VII одделение, присутни беа и предметните наставници: Милена Танеска, Александра Петрески, Елизабета Великоска, Јулија Крстева и координаторот, психолог Сања Наковска.

 

 

Подготвил, Наташа Неданоска

Дел од тимот за едукација при Slow Food Училишни градини

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *