Нашите ученици дел од завршниот настан на проектот SEEDS на тимот WISESTRIDE

Вчера, 15.04.2024 година, понеделник,  учениците од VI-2 одделение од нашето училиште  беа дел од завршниот настан на проектот SEEDS на тимот WISESTRIDE, под менторство на наставничката Наташа Неданоска, која е дел од истоимениот тим.

Се работи за меѓународен проект во заедничка соработка на Општина Охрид, и Лунд Универзитетот од Шведска. Како дополнителни соработници на истиот, покрај нашето училиште, беа вклучени и ООУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид, СОУ „Св. Климент Охридски“- Охрид, ООЦрвен крст- Охрид и секако домаќините ЈУНП Галичица.

Преку овој проект се обогати едукативната патека но ЈУНП Галичица со видови флора кои виреат на планината Галичица и се изработи т.н. АРБУРЕТУМ. Преку низа претходни активности, на вчерашната завршна активност патеката (арбуретумот)  беше збогатена со новите видови растенија од планината Галичица кои беа засадени и соодветно обележани со инфо-табли за секој вид поединечно.

Меѓународниот проект CIPSS 2024, овој петок ќе ја има завршната конференција, на која тимот од Општина Охрид, Турција и Индонезија ќе ги презентираат успешно имплементираните проекти.

Нашето училиште активно се вклучи во сите фази од овој проект преку инволвирање на ученици од различни одделенија со различни способности.

Им благодариме на сите активни чинители, им честитаме и им посакуваме уште повеќе вредни општественокорисни проектни активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *