Ученик правобранител

Ученикот Правобранител претставува ученик кој ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави на сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во/вон училиштето. 

Задачата на ученикот правобранител за промовирањето на детските права примарно ќе биде реализирана преку различни активности (едукативни работилници, дебати, инфо денови итн.).

  • учениците правобранители и замениците ќе можат да организираат информативни настани преку кои ќе се промовираат детските права;
  • задача на ученикот правобранител и неговите заменици е поддршка за заштита на детските права и информирање на учениците во училиштето;
  • ученикот правобранител препознава прекршување на детските права и прибира поплаки од учениците;
  • ученикот правобранител ги доставува поплаките до стручната служба на натамошно решавање и редовно го консултира заменик народниот правобранител задолжен за детски права;
  • во рамки на оваа задача е прибирање на податоци од сите органи и тела на училишната заедница и стручната служба во училиштето, добивајќи улога на постојан набљудувач;
  • учениците правобранители имаат редовни месечни состаноци со стручната служба на училиштето;
  • ученикот правобранител учествува во работата на ученичкиот парламент. 

Реализацијата на ваквите активности ќе биде потпомогната од страна на стручната служба во училиштето.

Годишна прогрма за работа на Ученичкиот правобранител во ООУ„Кочо Рацин“ Охрид во учебната 2024/2025 година

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *