Училиштен гласник

Нашето училиште – место каде растеме заедно!

Во нашето училиште, секој ден е нова можност за учење, дружење и развивање на талентите.

Учениците со љубопитност се соочуваат со предизвиците, а наставниците со љубов и посветеност го пренесуваат своето знаење.

Оваа учебна година беше полна со настани и активности. Учествувавме на разни натпревари, организиравме хуманитарни акции и реализиравме екскурзии што ќе ги паметиме долго.

Но најважно од сè – учиме да бидеме добри луѓе.

Пријателството, почитта и солидарноста се вредности што ги негуваме секој ден. Нашето училиште не е само место каде се добиваат оценки, туку дом во кој растеме, се смееме и се подготвуваме за иднината.

А сето тоа можете да го прочитате и видите во страниците од нашиот весник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *