Во рамките на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа – зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, во нашето училиште се реализираше креативна работилница „Да бев растение…“ со ученици од четврто одделение .
Учениците изработуваа и боеја маски инспирирани од природата, а потоа преку игра и имагинација се ставија во улога на растение или животно, раскажувајќи како изгледа нивниот живот во природата. Со голема љубопитност поставуваа прашања, покажувајќи интерес и желба за нови знаења.
Преку оваа активност, учениците ја развиваа својата креативност, изразување и разбирање за поврзаноста помеѓу живиот свет и околината.
Ваквите работилници имаат особено значење бидејќи придонесуваат за развивање на еколошката свест кај учениците уште од најрана возраст, поттикнувајќи ги да ја сакаат, почитуваат и заштитуваат природата.
Им благодариме на Сара и Надица за нивната посветеност и инспиративно водење на работилницата.






Leave a Reply