Група ученици од IX одделение под менторство на Татјана Лошкоска имаа уникатна можност да учествуваат на еднодневна работилница за вовед во ДНК баркодирање во рамките на проектот НЕКСУС БИО финансиран од страна на Конвенцијата за Биолошка Разновидност (CBD-Convention of Biological Diversity).
Работилницата беше организирана на 23.10. 2025 год. преку платформата GoogleMeet, во просториите на Хидробиолошки институт Охрид. Предавач беше врвен експерт од Универзитетот во Лодз, Институт за Екологија на инвертебрати и Хидроекологија-Проф. Др. Томаж Мамож, а организатори: Екоменлог Охрид, Здружение за екологија – Проф. Др. Сашо Трајановски и М-р Константин Здравески.
Учениците имаа можност да се запознаат со иновативни методи кои се користат за идентификација на организмите и имаат значајна улога во зачувување на биодиверзитетот.
Ваквите искуства ги поттикнуваат младите да развиваат критичко мислење, истражувачки дух и љубопитност кон науката, градејќи основи за идни професионални успеси.









Leave a Reply