ОГЛАС ЗА ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА ВО УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА

 

Општинското основно училиште „Кочо Рацин“ Општина Охрид согласно член 75 став 3 од Законот за основното образование (Службен весник на РСМ бр. 161/2019) и Правилникот за номинирање, избор и прогласување на ученик на генерација и пофалении  ученици при ООУ „Кочо Рацин “ Охрид, распишува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС

За првенец на генерација во учебната 2024/2025 година

Право на учество за првенец на генерација имаат сите ученици од IX одделение кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • Кандидатот да постигнувал среден успех 5.00 на крај на наставната година од IV до IX одделение;
  • Кандидатот да бил оценет со примерно поведение на крај на наставната годинаод IV до IX одделение;
  • Да учествувал на училишни, регионални, државни, меѓународни натпревари или проекти;
  • Да не бил казнуван со педагошка мерка од било кој вид во текот на школувањето во училиштето;
  • Вкупниот број на неоправдани изостаноци во текот на годината да не биде поголем од 3 (за секоја учебна година одделно);
  • Во текот на школувањето во училиштето да покажал интерес за учество во активности, промоции и проекти за унапредување на училиштето.

Предлог (номинација) за првенец на генерација може да даде одделенската заедница, одделенскиот раководител, предметен наставник кој изведува настава во таа паралелка, стручен соработник или ученикот сам да се кандидира.

Предложениот кандидат за првенец на генерација е должен до Комисијата за избор и прогласување  на првенец на генерација и пофалени ученици да достави:

  • Пријава (спушти ја тука ПРИЈАВА);
  • CV – кратка биографија;
  • соодветна документација со која ја поткрепува кандидатурата, преку архивата на училиштето најдоцнадо 30.05.2025 година.

 

29.04.2025                                                                                                                                                                                                           Директор

   Охрид                                                                                                                                                                                                           Славица Котеска

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *