По третпат „Мостови на пријателство“

Средбата помеѓу збратимените училишта од Фоча, Белград и нашето училиште продолжува – овојпат кај нашите пријатели од ОУ „Веселин Маслеша” од Фоча.

Од осми до единаесетти мај, девет ученика од нашето училиште имаа можност повторно да се сретнат со учениците од Фоча и Белград.

Средбата започна во училиштето со поетска вечер и вечер за дружење меѓу учениците. По повод 9 Мај, Ден на победата над фашизмот, кој воедно е и патрон на градот, наставниците заедно со директорите на училиштата присуствуваа на свечената седница на Собранието на Општина Фоча. Учениците имаа можност да го разгледаат градот со сите негови убавини: вода, шуми и културно–историско наследство. Наставниците и директорите имаа посета на Националниот парк Сутјеска, споменикот на Битката на Сутјеска и спомен-куќата. Туристичката сезона во Фоча се отвори со „Гастрофест“, одржан на речниот остров Бриони, каде сите заедно се запознавме со богатата туристичка понуда на фочанскиот крај и традиционалната храна. Вечерите беа резервирани за забава и дружење со концерт во спортската сала на градот и забава во просториите на училиштето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *