На Детскиот литературен фестивал „Ракатки“, нашата седмоодделенка Лина Маркоска освои прва награда за нејзината поетска творба под менторство на Фила Вероска-Стојковска.
Оваа година „Ракатки“ го прослави 20. јубилеј со настан кој не само што го одбележува значењето на детското литературно творење објавено во алманах „Ракатки 2024“, туку и го исполнува срцето со радост и трепет.
На 11.V 2024 година, во ООУ „Димитар Миладинов“ – Центар, во Скопје, учесниците на Фестивалот во рамките на темата „Македонија – мојата татковина, мој дом“, ја споделија својата љубов кон пишаниот збор и татковината Македонија. Нивните литературни детски творби се вистински доказ за љубов и почит кон нашата земја, истакнувајќи ги културата, традицијата и убавината на Македонија како наш дом. Читањето на творбите од страна на нивните мали творци, свеченото доделување на наградите и дипломите за учениците и менторите збогатено со звуците на виолината и трубата и дружба со присутните автори за деца, го направија овој литературен настан и оваа година успешен.
Детскиот литературен фестивал „Ракатки“ е вистински извор на инспирација, креирајќи мост помеѓу минатото, сегашноста и иднината на македонската литература.
Ракатките детски стихови секогаш нека ги зближуваат детските срца и нека ги водат во светот на литературата.
Благодарност до Фестивалскиот одбор и претседателката Јадранка Клисарова за оваа прекрасна приказна обоена со весели бои.
Leave a Reply