Прв училиштен ден во новиот дом на знаењето

Денеска нашето училиште блесна во ново руво и ги отвори вратите за своите ученици. Првиот училиштен ден оваа година беше посебен – не само затоа што нашите најмлади првачиња ги направија своите први училишни чекори, туку и затоа што сите заедно го започнавме патувањето во новата училишна зграда.
Училишниот двор беше исполнет со насмевки, возбуда и радост. Преку песна и игра, децата приредија свечен момент кој беше посебен поздрав за нашите првачиња, кои со гордост и љубопитност за прв пат влегоа во училишните клупи.
Директорката на училиштето и градоначалникот на Општината со топли зборови им посакаа на учениците успешен почеток и многу среќни мигови во новиот простор.
Овој ден беше исполнет со емоции, надеж и радост – ден кога заедно започнавме ново поглавје. Новата училишна зграда е повеќе од објект; тоа е дом во кој нашите деца ќе растат, ќе учат и ќе ги градат своите соништа.
Им посакуваме на сите ученици среќна и успешна учебна година во новата зграда полна со детска енергија и љубопитност!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *