Тимската работа е како виножитото – секоја боја е посебна и убава, но само кога се заедно, се создава нешто магично

И оваа година, нашето училиште е дел од успешната приказна на еТвининг проектот „Математика низ стрип и карикатура“.

Во проектот учествуваат 50 училишта со 117 наставници од повеќе земји, а учесници се ученици од 7 до 18 години, кои преку конкурс изработуваат стрипови и карикатури. Соработката во училишниот тим и корелацијата на повеќе предмети е најважна алка во овој проект.

Овој проект е невообичаен спој на математиката, уметноста и литературата, а тимот од нашето училиште е составен од предметните наставници ментори Силвана Крстеска, Богоја Мојсоски и Фила Вероска-Стојковска и ученици од предметна настава.

Интеграцијата на математиката, уметноста и пишаниот збор надополнати со користење ИКТ алатки резултираше со креирање различни ученички изработки (лого, карикатура, стрип). Учениците во текот на целиот проект тимски работеа учејќи најпрво како да се заштитат себе и своите лични податоци на интернет при што креираа аватари, се запознаа со законот за авторски права и кои слободни ресурси можат да ги користат. Имаа интегрирани часови за стрип на кои се запознаа за структурата на стрипот и како можат да креираат стрип користејќи ИКТ алатки (Pixton, Canva и др.).

Исто така имаа часови за цртање карикатури кои беа интегрирани во наставната програма по Ликовно образование, а во корелација со Математика и Македонски јазик. Креациите кои ги изработија учениците беа претставени на заедничка изложба на стрипови и карикатури во холот на училиштето која ја посетија сите ученици во училиштето. По гласањето, најдобрите стрипови и карикатури го претставуваа училиштето на завршната манифестација Регионовизија.

Кулминација на проектот се Регионовизиите каде се избираат најдобрите стрипови и карикатури на евровизиски принцип (вклучени се училиштата, односно учениците кои доделуваат бодови и се гласа за најдобри стрипови и карикатури во три категории: одделенска настава, предметна настава и средно образование). Оваа година нашите стрипови и карикатури имаа успешен пласман во уште поголема конкуренција.

Нашиот тим докажува дека: математика + стрип + креативност + соработка во рамките на училишниот тим = успех.

Овогодишните изработки на карикатури и стрипови можете да ги погледнете во е-книгата која произлезе како заеднички завршен продукт од тимската соработка помеѓу менторите.

Линк до е-книгата:

https://read.bookcreator.com/iVv5jexHQTUYH5Xwg441wyw461n1/nQM73Su9SYWTupThgHxqhw/v0uw6RPQT1mqG7kVDvo_tw

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *