На 27.9.2024 (петок) учениците од подрачното училиште го одбележаа Европскиот училишен спортски ден, реализирајќи различни спортски активности.
На настанот учествуваа учениците од одделенска настава заедно со нивните учителки и наставникот по физичко образование, каде играа штафетни игри дизајнирани да ја промовираат важноста на физичката активност. Покрај истакнувањето на здравствените придобивки од спортот и за телото и за умот, настанот ги истакна суштинските вредности што ги негува, како што се трпението, почитувањето на другите и правилата, тимската работа и соработката – квалитети кои се вредни за сите поединци.
#EESD2024 #EducationThroughMovement #Beactiv
Leave a Reply