Прличевиот дух одекнува низ времето: Константин Златаноски – прва награда за есеј на „3. Детски Прличеви беседи“

Ѕидовите на спомен-куќата на Григор Прличев во Охрид беа сведоци на третата книжевна епизода од „Детските Прличеви беседи“. Тука, под покривот на „Вториот Хомер“, стиховите од поемата „Сердарот“ беа инспирација и предизвик за младите автори, оратори и рецитатори од цела Македонија.
🏆📖Разоткривајќи ги длабоките пораки на стихот од поемата „Сердарот“: ,,Го нејќам јас венецот никаквец што ѝ го спрема, помисли други што крие”, нашиот првенец, Константин Златаноски, под менторство на Фила Вероска-Стојковска, ја доби ПРВАТА НАГРАДА за најдобар есеј во категоријата основно образование.

 

✍️ „Два венци – иста горчина. Лавровиот со сјај што заслепува, но не грее, а венецот од пофалби – „никаквец“. Едниот венец го слави поетот во туѓина додека срцето му копнее по мајчиниот јазик, а другиот го слави мртвиот син додека мајката копнее по неговиот жив поглед. Ехото на овие венци одекнува низ времето како дијалог меѓу славата и страдањето. Но вистинскиот венец кој останува да свети низ времето е венецот исплетен од труд, достоинство и бесмртно дело. Прличевиот дух останува вечен стражар над Охрид, потсетувајќи нè дека само големите дела можат да го победат времето…”

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *