ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МИРОТ

Денес, на 21 септември 2026 година, учениците од нашето училиште со гордост се приклучија кон глобалното одбележување на Меѓународниот ден на мирот.

Под овогодинешната глобална тема „Инвестирај во мирот – за секого, секаде, секој ден“, овој значаен ден го одбележавме преку повеќе интерактивни и симболични активности со кои ја испративме нашата силна порака за заедница, ненасилство и меѓусебна почит.

Глобален ден на кругот на мирот

Учениците и наставниците од централно и подрачното училиште формираа симболични кругови, со што сите заедно испративме силна порака дека сите ние сме „секојдневни архитекти на мирот“ – градејќи го секојдневно преку топол збор, емпатија, поддршка и разбирање, како во училницата, така и надвор од неа.

Едно дрво. Еден круг. Еден заеднички момент.

Дигитална работилница: „Дрво на конфликти и плодови на мирот“

Учениците од осмо одделение активно се вклучија преку дигитална работилница на тема ненасилство. Со помош на дигитална алатка, тие заедно креираа интерактивно стебло за подлабоко разбирање на конфликтите и нивното решавање:

  • Во корените на дрвото ги детектираа и запишаа основните причини за конфликти во и надвор од училиштето (предрасуди, љубомора, страв, недоразбирање, социјални мрежи);

  • На стеблото и гранките ги анализираа негативните последици што овие конфликти ги оставаат врз поединците и заедницата;

  • Како „плодови“ на мирот, учениците ги понудија и запишаа клучните решенија за ненасилно справување: емпатија, компромис, искрено извинување и врсничка медијација.

Мирот започнува од сите нас!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *