Поектот Демократска клима во училиштата има за цел да ја поткрене граѓанската свест кај учениците, да се поттикнуваат на граѓански активизам. Со предлагање и водење иницијативи, учениците да развиваат лидерски способности, да учат ги водат другите, да донесуваат одлуки и да преземат одговорност за резултатите. Исто така, да ја развиваат креативноста и иновативноста, со што ќе размислуваат надвор од рамката и ќе доаѓаат до уникатни решенија за проблемите.
Оваа година, како дел од Отворениот ден по граѓанско образование, учениците од деветто одделение реализираа три работилници посветени на толеранцијата, со цел:
- врсничка едукација,
- прифаќање на различностите и
- градење почит меѓу сите ученици.
Што правевме?
1. Работилница за трето и четврто одделение:
Учениците играа едукативни игри креирани од нивните поголеми другари, игри што поттикнуваат на прифаќање, соработка и толеранција.
2. Работилница за петто и шесто одделение:
Креиравме „срце сложувалка“ со порака: „Сите сме дел од една сложувалка“ – симбол дека секој од нас е важен дел од заедницата.
3. Работилница за седмо и осмо одделение:
Разговаравме за самодоверба и како да се справиме со нетолерантни ситуации, со почит и смиреност.
Особено ни беше важно што ги вклучивме и учениците со атипичен развој, заедно со нивните асистенти, за да покажеме дека толеранцијата значи соработка, заедништво и почитување на различностите.
Секој ученик има своја улога, свој глас и свое место.
Толеранцијата е важна затоа што нè учи да живееме подобро, да живееме заедно. Да прифаќаме, да слушаме, да разбираме и да ја гледаме вредноста во секој човек.
Браво за сите ученици кои со многу љубов и посветеност го реализираа овој ден!















Leave a Reply