Како и секоја година, така и оваа, нашето училиште зеде учество во чествувањето на 58. Детски Рацинови средби во Велес со тема
„Кога денот од стих се раѓа“.
Од вкупно 1172 литературни творби пристигнати до комисијата на меѓународниот конкурс, нашата ученичка Марија Тасеска од VIII-1 одделение, под менторство на наставничката Наташа Неданоска, освои II (втора) награда со својата литературна творба.

Овие стихови се дел од неа:
„…Рацин е симбол на новиот ден од стих што се раѓа,
на искра преточена во светлина од Белите мугри што доаѓа.
Со песната против тишината најгласно војува,
со силна молитва душата со верба ни ја обојува.“
Им честитаме на сите ученици- поети од нашето училиште коишто испратија поетски творби на конкурсот, посебно на наградената ученичка и менторот и им посакуваме плодно творештво и многу признанија и награди за нивниот труд!

Leave a Reply