Учениците од шесто и осмо одделение, предводени од менторката Силвана Крстеска, достојно го претставија нашето училиште на манифестацијата „Месец на наука“, каде што се натпреваруваа со иновативни и креативни математички демонстрации.
Постигнувања:
- Прва награда – ја освоија ученичките Јана Војдиноска и Михаела Анѓелеска (VI одд.) со демонстрацијата „Кривата тајна на правите линии“;
- Трета награда – ја освоија ученичките Ева Каланоска и Теона Блажески (VI одд.) со демонстрацијата „Кодирај го своето име“.
Одлични презентации:
Учениците од осмо одделение Марија Тасеска, Кристијан Војдиноски, Бисера Јованчева и Викторија Треноска се претставија со извонредни демонстрации на темите:
- „Питагорова теорема и месечев срп“;
- „Тајната геометрија на Сиерпински“.
Освен натпреварот, учениците уживаа и во богатата програма: проследија хемиски спектакл, учествуваа во различни едукативни работилници и добија можност да го збогатат своето научно знаење преку интерактивни активности.
Честитки за сите ученици и голема благодарност до менторката Силвана Крстеска за посветеноста и поддршката!
Нашите талентирани ученици продолжуваат да покажуваат дека науката е возбудлива, креативна и инспиративна!




Leave a Reply